Турски бизнисмен објави дека е многу блиску до комплетирање на зделката за купување на Челзи.
Станува збор за Муслин Бајрак, кој е претседател на AB Group Holding компанијата, која инвестира во многи сфери во енергетиката, градежништвото, туризам и бродоградетелство.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Преговараме со адвокатите на Роман Абрамович. Веќе сме во фаза каде што недостасуваат уште потписи. Многу скоро ќе го развееме турското знаме во Лондон“, изјави Бајрак.
„Оваа зделка ќе биде многу важна за Турција. Нашите адвокати се во контакт со Абрамович уште од првиот ден кога стана јадно дека ќе го продава клубот“, додаде турскиот бизнисмен.
Компанијата на Бајрак има и други инвестиции во Лондон, како и Италија, Шпанија и Грција.