Дома Фудбал Останато Трка за „Златната копачка“: Имобиле води, Халанд со најголем напредок!

Трка за „Златната копачка“: Имобиле води, Халанд со најголем напредок!

Фудбалската сезона во Европа влезе во втората половина. Како за победите и трофеите фудбалерите ќе се борат и за индивидуалните награди, а тука пред се е Златната копачка.

Во овој момент е лидер Чиро Имобиле, но со трансферот во Германија, Ерлинг Халанд направи голем напредок. Имобиле со вчерашните два гола во овој момент е на бројката од 25 голови. Секој гол во топ 5 првенства се смета со два коефиециент, па напаѓачот на Лацио има 50 бодови.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зад Имобиле се Роберт Левандовски и Тимо Вернер од Бундес лигата. Напаѓачот на Баерн со 22 гола и 44 бода е втор, додека голгетерот на Лајпциг има два гола помалку, односно четири бода.

Четврти на листата е Кристиано Роналдо. Португалецот во лигашките натпревари за Јувентус до сега постигна 19 голови и има 38 бодови.

Халанд сега се наоѓа на петтата позиција со 38 бодови и 23 гола. Во Салзбург Норвежанецот постигна 16 голови и тоа му донесе 24 бода (головите во австриската лига се сметаат со 1.5 бод), а преостанатите 14 бодови ги освои дресот на Борусија каде што на три натпревари постигна седум гола.

Минатогодишниот добитник на Златната копачка, Лионел Меси со 14 гола и 28 бода е далеку од врвот. Во овој момент тој е на 10. позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бернардо Силва се сели во Барселона

Англиските медиуми пренесуваат дека Бернардо Силва донел конечна одлука да го напушти Манч…