Дома Трансфер зона Три руски клуба спремија понуди за играч на Милан

Три руски клуба спремија понуди за играч на Милан

Играчот на Милан, Диего Лаксалт готово сигурно ќе го напушти „Сан Сиро“ и кариерата ќе ја продолжи во Русија, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најсериозен интерес за 27-годишниот Уругваец покажува Спартак Москва, клуб кој сакаше да го доведе Лаксалт уште во јануари.

Директорите на Спартак Москва веќе се во контакт со агентот на Лаксалт, кој не ја исклучува можноста за трансфер во Русија.

Меѓутоа, Спартак ќе треба да ја победи конкуренцијаат бидејќи за Лаксалт интерес покажуваат уште Локомотив Москва и Краснодар.

Милан е спремен да го пушти Лаксалт доколку пристигне понуда од 5,5 милиони евра, сума која споменатите клубови се спремни да ја платат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…