Арсенал, Челзи и Тотенхем покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг.
32-годишниот дефанзивец има договор со Баварците до крајот на сезоната и двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тоа значи дека Боатенг уште во јануари ќе биде слободен да потпише преддоговор со нов клуб, па битката за неговиот потпис веќе започна.
Жозе Мурињо и Артета се во потрага по квалитетен дефанзивец, па важат за фаворити за неговиот потпис.
Франк Лампард исто така смета дека Боатенг ќе биде идеален партнер за Тиаго Силва, па трите клуба ќе бидат голема битка за потписот на Германецот.