Масимилиано Алегри викендов ќе го запише последниот меч на клупата на Јувентус, против Сампдорија во последното коло од Серија А.
„Старата дама“ веќе соопшти дека се разделува со трофејниот тренер една година пред истекот на неговиот договор.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алегри изјави дека не мисли да зема одмор и дека ќе ги разгледа сите понуди кои ќе пристигнат на негова адреса. Италијанските медиуми тврдат дека постојат три можности за продолжување на неговата кариера.
Имено, инетрес за Алегри покажуваат Баерн Минхен, Пари Сент Жермен и Челзи.
Челзи најверојатно ќе се раздели со Маурицио Сари, па во Алегри гледа идеална замена. Меѓутоа, шампионите на Франција и Германија се исто така сериозни кандидати за неговиот потпис.