Дома Трансфер зона Три играчи на Барса кариерата ќе ја продолжат во МЛС?

Три играчи на Барса кариерата ќе ја продолжат во МЛС?

Се очекува Барселона во наредние две години да направат големи промени во играчкиот кадар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јасно е дека Лео Меси нема уште долго да биде во можност да ја носи Барса на своите раменици, но и покрај него има уште неколку важни играчи на овој тим.

Каталонците мора да размислуваат за смена на генерација која веќе полека им чука на вратата. Шпанските медиуми пишуваат дека за две години Барса може да остане без Пике, Суарез и Бускетс.

Како што пишува Мундо Депортиво оваа тројка кариерата би можеле да ја продолжат во МЛС лигата. Наводно, Дејвид Бекам кој го основа Интер од Мајами сака да ги донесе Суарез и Пике, кои секако се заинтересирани за играње во МЛС.

Што се однесува до Бускетс, тој веќе некое време се наоѓа на мета на Лос Анџелес, а преселбата во овој град може да се случи за две години кога ќе му истече договорот со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Швајнштајгер обвинет за расизам – ова се деталите!

Поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер е обвинет дека користел расистички ст…