Џошуа Кимих на лето би можел да го напушти Баерн Минхен, иако е еден од најзначајните фудбалери во тимот.
Кимих не е задоволен од случувањата во баварскиот клуб и изразил желба да си замине, а Баерн за неговата слобода ќе бара најмалку 60 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Барселона покажува најсилен интерес за Германецот бидејќи во него гледа идеална замена за Бускетс.
Меѓутоа, Каталонците тешко ќе можат да си дозволат толку скап трансфер, па Кимих би можел да се пресели во Премиер лигата.
Силен интерес за него покажуваат уште Ливерпул и Арсенал, кои нема да жалат пари за да го донесат во своите редови.
🚨 Barcelona, Liverpool and Arsenal are all interested in Joshua Kimmich!
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 23, 2023
Bayern Munich could ask for at least €60M for the midfielder, which will make it complicated for Barça to afford the player due to his salary and fee. 🤑
(Source: @marca) pic.twitter.com/Xr0S8YKLke