Дома Трансфер зона Три европски гиганти во битка за потписот на Кимих

Три европски гиганти во битка за потписот на Кимих

Џошуа Кимих ќе биде на летната трансфер листа на Баерн Минхен, тврди денеска германски „Билд“.

Познатиот новинар кој е секогаш добро упатен со случувањата во Баерн, Кристијан Фалк откри дека Баерн нема намера да го пушти Кимих да замине бесплатно летото 2025 година и ќе биде отворен да ги слушне понудите за него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кимих не е во добри односи со Томас Тухел и тоа е главната причина поради која одбива да преговара за нов договор.

Баерн знаеше и претходно да продава свои ѕвезди пред истекот на договорот, така во минатото заминаа Тијаго Алкантара, Роберт Левандовски, Бенџаин Павар...па сега по тој пат би можел да тргне и Кимих.

„Билд“ пренесува дека досега во трката влегле Ливерпул и Манчестер Сити бидејќи е јасно дека Германецот може да биде прилика каква што тешко се наоѓа. Освен тоа, Кимих претходно се поврзуваше со Барселона каде што беше голема желба на Чави Ернандез.

Сепак, Гвардиола можеби има предност кај Кимих поради одличната соработка во Баерн бидејќи токму шпанскиот стратег од него направи последен играч за врска. Останува да почекаме и да видиме како ќе се развива ситуацијата околу Кимих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…