Дома Топ вести Три дена до официјалниот старт: СИТЕ трансфер новини на едно место!

Три дена до официјалниот старт: СИТЕ трансфер новини на едно место!

На само три до официјалниот старт на зимскиот преоден рок веќе почнаа да се засилуваат шпекулациите за евентуалните трансфери.

Оваа зима се очекува голем број на фудбалери да ја променат средината, а европските гиганти додатно да ги засилат своите тимови за вториот дел од сезоната.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер новини ширум Европа.

– Бешикташ демантираше дека постигнал договор со Евертон за трансфер на напаѓачот Ченк Тосун.

– Откриени плановите на Барселона за зимскиот трансфер период. Каталонците спремни да продадат петмина фудбалери за да донесат две ѕвезди. (ОВДЕ).

– Трансфер „бомба“: Оскар се враќа во Европа и тоа во еден од најголемите европски гиганти (ОВДЕ).

Стариџ во јануари најверојатно ќе го напушти Ливерпул, а најсилен интерес во моментов покажува Саутемптон.

– Баерн Минхен во јануари може да го направи најскапиот трансфер во својата историја. Имено, германските медиуми пренесуваат дека Баварците се спремни да испратат понуда за Јаник Караско од Атлетико Мадрид (ОВДЕ).

– Интер започна преговори со Барселона за позајмица на Жерар Делуфеу до крајот на сезоната.

– Барселона стравува дека Манчестер Сити може да и го „украде“ дефанзивецот Самуел Умтити.

– Таткото на Еден Азар го шокираше Челзи и откри зошто Белгиецот одбива да го продолжи договорот со Челзи. (ОВДЕ)

– Арсенал во зимскиот преоден рок повторно ќе се обиде да ја ангажира ѕвездата на Лестер, Ријад Марез (ОВДЕ).

Жозе Мурињо ќе се обиде во јануари да го доведе фудбалерот кој беше честа мета критики во Мадрид, Матео Ковачиќ. (ОВДЕ)

– Тимот на Јувентус би можел да го испрати на позајмица Хрватот Марко Пјаца, интерес за овој фудбалер покажаа три клуба.  (ОВДЕ)

– Фудбалерот на Барселона од средината на теренот, Андре Гомеш наскоро ќе ја напушти Каталонија, а како една од потенцијалните наредни дестинации се наведува Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ)

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Изненадување од Островот: Алонсо повеќе не е кандидат за тренер на Ливерпул

Според последните информации од Островот, Ливерпул повеќе не е кандидат за доведување на Ч…