Дома Фудбал Тричко постигна хет-трик за 19 минути! (ВИДЕО)

Тричко постигна хет-трик за 19 минути! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен напаѓач Иван Тричковски постигна хет-трик за само 19 минути во ремито на АЕК Ларнака против Енозис Паралимни во седмото коло од кипарското првенство.

Тричковски така стигна до деветтиот гол сезонава во кипарскиот шампионат, а вкупно 14 погодоци, откако даде пет на квалификациите за Лига Европа.

Македонскиот фудбалер ја погоди противничката мрежа во период од 46. минута до 65. минута, а два гола од нив беа пенали, но ниту тоа не му помогна на неговиот тим да ги освои трите бода.

АЕК во моментов е второпласиран со 11 бодови, но АПЕОЛ има одиграно само три меча и максимални девет бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ираола го доби токму ривалот што не го сакаше, Сити оди кај Брадфорд

Ливерпул ќе го пречека Борнмут во четвртфиналето на Лига купот, а Манчестер сити ќе гостув…