Триумф на хуманоста на Mozzart во 2022 година: Новогодишни пакечтиња стигнаа на адреса на најмалите
Компанијата MOZZART учествуваше во повеќе акции во текот на изминатата 2022 година и го продолжи трендот да помага онаму каде што е најпотребно.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Многу хуманитарни акции проследени со финансиска помош, опрема, реквизити, дресови, донации… се само дел од мал дел од активностите кои Mozzart како општествено одговорна компанија ги презеде во изминатите 365 дена и секому му подаде рака.
За крајот на годината и заокружување на хуманитарните кампањи, Mozzart ги израдува и најмалите од ЈУ Специјален завод „Демир Капија“. Хуманитарниот караван на Mozzart го посети ова место и на дечињата им подели пакетчиња за новогодишните и божиќните празници.
Континуираната помош од лидерот во приредување игри на среќа во Република Македонија постои секојдневно. Почнувајќи од традиционалната акција „Нови дресови, за нови шампиони“, Mozzart помогна на околу 30 клубови во изминатата календарска година. А, досега се над 100, кога ќе се земе предвид целосниот тек на оваа акција. КК ТФТ Скопје, ЖРК Шампион, ФК Младост, ЖОК Вардар, ГФК Осогово… се само дел од екипите кои добија дресови како помош од Mozzart во 2022 година.
Исто така, Mozzart во изминатата календарска година го помогна патот на Бодибилдинг федерацијата кон најголемите успеси во историјата. Јасно е дека за најголемите успеси потребна е огромна поддршка, а Mozzart безрезервно и несебично застана зад бодибилдерите и ја поддржа неверојатната Мери Акиевска се до светскиот трон! Се донесоа и многу други медали во овој спорт, од повеќе натпреварувања.
Во текот на календарската година, Mozzart со финансиска помош го поддржа и најстариот ракометен турнир во Европа, Струшкиот турнир. И во годината која следи – 2023 година – Mozzart ќе спроведе хуманитарна акција и за време на Светското првенство во Шведска и Полска.
Активно продолжи и кампањата „Хуманитарен тикет за викенд“. Во акцијата досега учество зедоа многу познати спортисти и јавни личности, меѓу кои: капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев, најдобриот македонски возач Игор Стефановски Иџе, ракометниот репрезентативец Филип Кузмановски и многу други. Низ акцијата хуманитарен тикет за викенд досега се собрани над 600.000 денари кои компанијата Mozzart ги донира во добротворни цели низ неколку институции.
Мozzart покрај редовните донации во спортот и државните установи, не ги заборави ниту најмладите – донира компјутери, печатачи, прибор и школска опрема низ многу установи каде што беше потребно ширум земјата.