Изгледа дека Кејлор Навас е спремен да замине во зимскиот преоден рок, ако судиме според неговата објава на Инстаграм.
Костариканецот објави фотографија на која се поздравува со навивачите со опис: Ви благодарам на се.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според пишуањето на шпанските медиуми за неговите услуги заинтересиран е Арсенал кој е спремен да понуди 15.5 милиони евра за Навас, но се споменува и Рома.
Навас пристигна во Реал Мадрид во 2014 година после одличните изведби на Светското првенство во Бразил со Костарика.
Од 2015 до 2018 година тој беше прв голман на Реал во освојувањето на трите титули во низа во Лигата на шампионите. Иако во поглемиот дел од времето во Реал бранеше одлично, Флорентино Перез се обидуваше да го замени уште во 2015 година.
Давид Де Геа требаше да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“ неколку пати, но тоа не се случи. Конечно, „кралевите“ успеаа да доведат голман минатото лето кога во клубот беше доведен Тибо Куртоа.