Дома Фудбал Италија Тренерот на Џенова: Ќе го истепам Пандев ако се пензионира

Тренерот на Џенова: Ќе го истепам Пандев ако се пензионира

Тренерот на Џенова, Давиде Балардини имаше само пофални зборови за Горан Пандев после победата над Наполи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


37-годишниот македонски капитен се уште игра во врвна форма и синоќа со два гола го „потопи“ својот поранешен клуб.

Имено, Пандев стигна до 97 постигнати гола во Серија А, а Балардини беше јасен дека нема да му дозволи да се пензионира после Европското првенство.

„Да го имаш Пандев во тимот е голема чест, тој е играч со карактер, што на тренерите им ја олеснува задача кога е крај вас. Ќе бидеме заедно до крајот на сезонава, а потоа ќе видиме… Доколку реши да се пензионира, ќе го тепам, нема да кажам на никој, ама ќе го тепам. Тој се плаши од мене“, изјави Балардини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дали се случува еден од најголемите трансфери некогаш? Ова може да го потресе европскиот фудбал!

Килијан Мбапе не е омилен меѓу навивачите на Реал Мадрид. Французинот често беше пречекува…