Екипата на Арсенал во текот на летото ќе се обиде да доведе квалитетен напаѓач, а во медиумите се шпекулираше дека една од желбите е Александар Исак.
Исак е член на Њукасл, Арсенал покажал интерес, но според последните најави тој нема да ја промени средината.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако се гледа по „Трансфермаркт“ вредноста на Исак е на 70 милиони евра и неговиот договор е со важност до 2028 година, па така ќе биде тешко некој да го убеди Њукасл за пониска сума.
Зад себе Исак има одлична сезона во која блеска скоро на секој натпревар и постигна 24 голови. Во просек погодува на секои 114 минути.
„Ние нема да ги продаваме нашите најдобри играчи. Тоа за нас е многу важно, ако продаваме одиме назад и ќе треба да почнуваме од почеток“, изјави стратегот на Њукасл, Еди Хау.