Екипата на Реал Сосиедад пристигна во Скопје и утре ќе ги одмери силите со македонскиот шампион Вардар во рамките на третото коло од Лига Европа.
Тренерот Еусебио Сакристан истакна дека и покрај фактот што Вардар има квалитетен тим, сепак неговата цел е освојување на трите бода.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Одиме на три бода и ентузијасти сме за утрешниот меч. Вардар игра добар фудбал и е квалитетна екипа, го респектираме противникот и концентрацијата ни е на највисоко ниво. Утре е голем ден, знаеме со што се соочуваме, но одиме на победа“, изјави тренерот на Сосиедад, Еусебио.
„Утре ќе биде важен меч и ќе се обидеме да го оставиме Вардар уште малку поназад. Не гледаме на Вардар како послаб тим, ќе се обидеме да ја земеме топката и да имаме поголем посед. Вардар има контрола врз играта, ќе биде убав, но и напорен натпревар“, истакна првата ѕвезда на тимот, Иларименди.