Дома Фудбал Италија Тренерот на Рома пред отказ, Интер го заштити Спалети

Тренерот на Рома пред отказ, Интер го заштити Спалети

Италијанските гиганти Интер и Рома лошо ја отворија сезоната во Серија А, па се разниша клупата на Ди Франческо и Спалети.

Ди Франческо во неколку наврати го немуваше системот оваа сезона, но Рома игра многу лошо и тоа се одразува на резултатите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека раководството му поставило ултиматум на тренерот и наредните 4 меча ќе бидат клучни за зачувување на работата. Во следните 4 меча Рома игра против Реал Мадрид, Болоња, Фиорентина и Лацио.

Што се однесува до Интер веќе запиша два порази во првите четири кола, но раководството застана во одбрана на тренерот Спалети.

Утре, тимот од Милано ќе се сретне со Тотенхем на „Меаца“ во натпревар во Лигата на шампионите и се надеваат дека ќе постигнат добар резултат против англискиот тим.

Спалети неодамна стави потпис на нов договор и раководството на „нероаѕурите“ воопшто не размислува за негова смена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…