Дома Македонски спорт Мак фудбал Тренерот на Победа по триумфот над Вардар: Пресуди карактерот на фудбалерите!

Тренерот на Победа по триумфот над Вардар: Пресуди карактерот на фудбалерите!

Шефот на стручниот штаб на Победа, Славољуб Бубања истакна дека победата над Вардар многу ќе значи за самодовербата на неговите фудбалери.

„Како што истакнав и во најавата за натпреварот, Вардар беше изразит фаворит.Ние поради состојбата на табелата моравме да се обидеме да направиме резултат. Очекував дека Вардар ќе биде уморен и истрошен по мечот со Реал Сосиедад во Лига Европа, иако имаше одередени ротации и замени со кои екипата беше освежена…Ова се многу значајни 3 бодови, можеби повеќе за поголема самодоверба“, изјави Бубања.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Победа даде коментар и за изјавата на Јаневски дека за поразот виновен му бил теренот на Могила.

„Сигурно кој губи има право да се лути. Јас не гледам во туѓиот двор туку ме интересира само мојата екипа. А можам да кажам дека оваа екипа дури има и хендикеп што теренот не е подобар.На подобар терен би имале и поголем посед затоа што имаме во екипата доста играчи што се квалитетни кога се во прашање техничката обученост која е на високо ниво“, заклучи Бубања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…