Тренерот на Лион, Петер Бош убеден е дека проектот на Суперлигата, чие создавање беше веднаш осудено во април, ќе се реализира.
„Доколку не биде создаден таков турнир, тогаш Лигата на шампиони ќе се трансформира во Суперлига. Сигурен сум во тоа“, изјави холандскиот тренер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Гледајте добро, финалето од Лигата на шампиони веќе се игра во викенд. Наскоро и полуфиналињата ќе се играат во викенд, а потоа и четвртфиналињата. За неколку години натпреварите од француската лига ќе се играат во среда, а тие од ЛШ преку викендот. Така е бидејќи големите клубови не сакаат да губат пари“, заклучи Бош.