Дома Фудбал Тренерот на Лајпциг има „генијален“ начин како да ги казни фудбалерите (фото)

Тренерот на Лајпциг има „генијален“ начин како да ги казни фудбалерите (фото)

Ралф Рангник веќе неколку сезони со успех го води Лајпциг и го одведе од пониските рангови до европските натпреварувања.

Германскиот тренер пронајде иновативен начин за да ги казни своите играчи, па направи тркало на кое се испишани казните.

Некои од казните се: работа во клупската продавница, служење храна во тимска кафетерија, водење тури низ стадионот, косење трева на терените за тренинг, купување подароци за стручниот штаб, тренирање во балетанска опрема.

„Казните ретко менуваат нешто. Играчите сепак најмногу ги боли кога ќе останат без слободното време, особено во слободните денови. На пример, ако мораат да поминат три часа во фан шопот“, вели Рангник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски по дебаклот: Извинување за нулата, одлуката за иднината ќе почека

Македонија ја заврши Лигата на нации со шест порази, а Гоце Седлоски се извини и ја остави…