Дома Трансфер зона Тренерот на Барселона го најави трансферот на Родриго

Тренерот на Барселона го најави трансферот на Родриго

Новиот тренер на Барселона, Кике Сетиен призна дека му се допаѓа напаѓачот на Валенсија, Родриго.

Барселона е во потрага по напаѓач кој ќе биде замена за Луис Суарез, па иако се шпекулираше со многу имиња, каталонските медиуми открија дека главна трансфер цел е Родриго од Валенсија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мене ми се допаѓаат квалитетни фудбалери, а Родриго е фантастичен фудбалер. Тој може да биде клучен фудбалер на секој тим“, изјави Сетиен.

Барселона утре и гостува на Валенсија и медиумите тврдат дека после мечот двете раководства ќе седнат на преговарачка маса.

Каталонците се спремни да понудат 40 милиони евра за потписот на Родриго, но Валенсија ќе дозволи трансфер само доколку најде адекватна замена до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…