Стратегот на Абердин Џон Гудвин е презадоволен од тоа како Бојан Миовски игра во својата прва сезона во шкотскиот клуб и верува дека македонскиот напаѓач ќе тресе мрежи за Абердин и во пролетниот дел од сезоната.
Миовски во редовите на Абердин дојде од редовите МТК од Унгарија и на 20 натпревари постигна 12 голови.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на формата со која настапува веќе неколку клубови покажуваа интерес за неговите услуги.
Тренерот Гудвин сега пред јануарскиот преоден рок изрази надеж дека Миовски ќе остане во клубот.
„Кога го доведувавме Миовски знаевме дека е добар играч, но секогаш сме внимателни со странските фудбалери затоа што доаѓаат од различна култура и различен стил на игра.
Миовски дојде од Унгарија и одлично се прилагоди, верувам дека ќе остане со нас. Ние не сакаме да останеме без него во јануари, но за добра понуда клубот можеби ќе го пушти“, изјави Гудвин.