Герет Саутгејт пред три дена поднесе оставка од селекторската функција на Англија, а главен кандидат за негов наследник е Греам Потер.
Англискиот менаџер беше отпуштен од Челзи во април 2023 година, седум месеци откако ја презеде тренерската функција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според договорот Челзи е должен да му ја исплати платата на Потер за следната година и половина, доколку дотогаш не најде нова работа.
Доколку ја прифати понудата да го преземе Гордиот Албион, ќе мора да се откаже од загарантирана плата до октомври, а Челзи навива тоа да се случи.