Eкипата на Мајорка утре во рамките од втората шпанска лига ќе игра против уште еден поранешен поранешен клуб од Примера, Малага.
Македонскиот фудбалер Александар Трајковски доби шанса од првата минута во минатиот натпревар, а според последната изјава на стратегот на Мајорка, Луис Гарсија на денешната прес-конференција Трајковски многу веројатно ќе добие нова шанса утре.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На почетокот на сезоната Трајковски не играше многу, но и за утрешниот натпревар кај Мајорка ќе отсусттвуваат Александар Седлар, Идрис Баба и Мурлио, па затоа очекувањата се Трајковски да почне од првата минута.
„Идрис Баба, Александар Седлар и Мурлио повторно нема да бидат дел од тимот. Се надевам дека за Реал Сарагоса ќе бидат спремни. Седлар сигурно ќе биде спремен за тогаш“, изјави помеѓу другото стратегот на Мајорка.