Македонија вчера беше поразена од Португалија во финалниот бараж за Светското првенство, но фудбалерите на теренот не разочараа, напротив мораме да бидеме задоволни од борбата која прикажаа.
Нашата репрезентација вчера беше достоен противник на Португалците и покажавме дека можеме да играме со секого. Херојот од претходниот натпревар против Италија, Александар Трајковски до фановите се огласи преку социјалните мрежи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Бевме блиску до нешто големо, сакавме победа, дадовме се од себе, но тоа не беше доволно. Ние сме сигурни дека сме одлична група, тим кој се бори за единствена цел. Чекор по чекор ќе станеме уште посилни, секогаш трудејќи се да бидеме подобри од претходно. Горди на овој тим“, порача Трајковски.
Фото: ФФМ