Дома Топ вести Трансфер на кој се чуди цел свет!

Трансфер на кој се чуди цел свет!

Рубен Невеш се сели во Англија и руши рекорди.

По Андреа Силва во Милан, Порто реализира уште еден голем трансфер. Вториот најскап ова лето. Повторно во центарот на вниманието е момчето од кое се очекуваше во блиска иднина да биде столбот на некој познат клуб. За жал на навивачите на Порто, Рубен Невеш ја напушта Португалија и се сели во Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ниту во Ливерпул, ниту во Челзи, кој го сакаа со недели. Покрај тоа, тој нема, барем не веднаш, да игра во Премиер лигата. Младиот репрезентативец си заминува во Вулверхемптон, тим кој е член на Чемпионшип и кој има големи планови за да се врати во најелитниот ранг на фудбалот на Островот.

„Волците“ се согласиле да платат 18 милиони евра. Се споменуваат уште дополнителни 2 милиони бонуси, но овие пари веднаш ќе легнат на сметката на „Змејовите“ и тоа за нив е најважно.

Зошто?

Во знаењето дека е продаден за 18 милиони евра лежи одговорот на прашањето кое го мачи фудбалскиот свет, бидејќи многу спортски навивачи се прашуваат како Порто го продава играчот на тим кој настапува во втората лига на Англија.

Имено, ова лето сино-белите се најдоа под голем притисок од УЕФА, им се заканува казна поради непочитување на финансискиот фер плеј и затоа мораше да го испочитуваа тоа, односно со продажбата на играчи да го надополнат минусот направен со купување во претходните неколку трансфер периоди.

Најпрво Андре Силва заврши во Милан за 38 милиони евра, Лорен Депорт во Хадерсфилд за 5 милиони, а биланскот беше „испеглан“ со заминувањето на помалку атрактивни играчи како Касаме во Борусија Мехенгадбах и Андрес Фернандез во Виљареал. Заврзаниот процес е завршен со трансферот на 20-годишниот играч за врска, Рубен Невеш.

За кого?

Зад целата раота стои Жорж Мендеш. Суперагентот, еден од највлијателните луѓе во светот на фудбалот, во мај во Вулверхемптон го одведе Нуно Еспирито Санто, инаку својот прв клиент кој му ја отвори вратата на менаџирањето, а овој на конкретен начин да му помогне и на поранешниот, но и на сегашниот клуб. Порто го почитува финансискиот фер плеј и сака да ја избегне казната, а „Волците“ да добијат играчи кои сигурно ќе го надминат потенцијалниот квалитет на Чемпионшип.

Рубен Невеш, исто така клиент на Мендеш, денеска ќе допатува во Молино на лекарски прегледи и ќе потпише четиригодишен договор. Ќе стане најскапото засилување во историјата на клубот, бидејќи за 3 милиони ќе го надмине Елдер Коста, кој беше платен на Бенфика 15 милиони евра. Тој беше петото засилување на „Волците“, пред него потпишаа десениот бек Фил Офосу (Брауншвајн, без обештетување), стоперот Рајан Бенет (Норвич, без обештетување), левиот бек Бери Даглас (Коњаспорт, 1.140.000) и стоперот Родерик Миранда (Рио Аве, 3.000.000).

Вулверхемптон доби играч кој доста ветува. Официјално Рубен Невеш е најмладиот капитен во историјата на Лигата на Шампионите (имаше 18 години и 221 ден против Макаби во 2015), истата година стана и најмладиот дебитант во историјата на младата репрезентација на Португалија (на ЕП во Чешка), се карактеризира со стабилност во играта пред својот казнет простор и сигурен пас, но сето тоа допрва треба да го потврди на значително ниво.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…