Доаѓањето на Џејмс Медисон во Тотенхем е завршена работа, ова се информации од повеќе извори.
Фабрицио Романо истакнува дека е постигнат вербален договор со играчот на Лестер, договорени се личните услови и детали и дека се е подготвено за финалната фаза на трансферот од нешто повеќе од 45.000.000 евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Скај спорт“ продолжува со информацијата дека Медисон пристигнал во Лондон на лекарски прегледи пред официјалниот потпис со Тотенхем.
Англискиот репрезентативец Медисон во Лестер настапува од 2018 година, а претходно ги бранеше боите на Ковентри и Норич.
За Лестер постигна 55 голови и 41 асистенција на преку 200 натпревари. Во претходната сезона во Премиер лигата тој постигна 10 голови и асистираше девет пати на 30 натпревари.
Со „лисиците“ го освои ФА Купот во 2021 година.
Со испаѓањето во Чемпионшип, Лестер веќе не можеше да ја бара цифрата од 60 милиони евра, додека самиот играч изрази желба за нови предизвици, па трансферот во Тотенхем беше неизбежен.