Жозе Мурињо има за Барселона многу интересна понуда. „Специјалниот е подготвен“ веќе во јануари да и понуди на Барселона голема размена на играчи.
ЕСПН пренесува дека Манчестер Јунајтед ја разгледува опцијата на Барселона да го понуди Антони Марсијал за Иван Ракитиќ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Марсијал во досегашниот дел од сезоната во девет одиграни средби на теренот мина вкупно 370 минути. Меѓутоа, неговиот учинок од пет постигнати погодоци и шест асистенции е и повеќе од добар, но се шпекулира дека Мурињо во него гледа само резервен играч, додека Французинот цели кон првата постава.