Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл призна дека му е чест што се поврзува со Баерн и дека за тоа не може да ја исклучи можноста за заминување во Минхен.
Велшанецот се повеќе се споменува како првиот играч кој ќе го напушти „Кралскиот клуб“, бидејќи сака повеќе да игра, а Баерн со гигантите од Англија е еден од најзаинтересираните.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ништо не може да се исклучи во фудбалот. Во моментов сум во Реал, уживам, но Баерн има одличен тим и е еден од најуспешните клубови во Европа. Чест ми е што ме поврзуваат со таква екипа. Гол на секој втор натпревар не може да биде лош учинок, но секогаш сакам да напредувам. Ќе бидам искрен, сакам поголема улога“, изјави Бејл за „ESPN“.
Бејл е член на Реал од 2013. година и оваа сезона одигра 33 натпревари на кој постигна 14 гола, но треба да се додаде дека има проблем и со повредите.