Денешното издание на „АС“ лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека преставници на Реал Мадрид одржале две средби со Нејмар во Бразил.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Светците“ се свесни дека тешко можат да го задржат Нејмар, па наводно веќе ја одредиле цената за Бразилецот, тврди споменатиот весник.
Не е тајна дека Нејмар е најголемата трансфер желба на Флорентино Перез, а сега е откриено дека „кралевите“ веќе работат на трансферот.
Имено, емисари на Реал Мадрид во два наврати биле во Бразил и имаше тајни средби со ѕвездата на ПСЖ, а „АС“ пренесува дека со Нејмар разговарал и поранешниот играч на „кралевите“, Роналдо кој го убедувал својот сонародник да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Не е тајна дека Нејмар не е среќен во Париз и дека сака што поскоро да се врати во Шпанија, а медиумите тврдат дека трансферот најверојатно ќе изнесува 250 милиони евра.
Buenos días, aquí tenéis la #PortadaAS del 9 de mayo de 2018 pic.twitter.com/8iz5KX0cCW
— AS (@diarioas) May 9, 2018