Дани Олмо игра одлично на Европското првенство и се очекува ова лето да направи трансфер, го следат неколку големи клубови.
Неговата клазула која ја има во договорот со Лајпциг изнесува 60 милиони евра, но таа истекува во понеделник и потоа германскиот тим може да одреди цена за која сака да го продаде.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ситуацијата ја следи и хрватскиот Динамо Загреб кој ќе добие процент од трансферот на Олмо. Динамо го продаде Олмо на Лајпциг за 29 милиони евра, меѓутоа договори и 20% од сумата од идниот трансфер. Ова значи дека ако Олмо се продаде за 60 милиони евра, Динамо ќе заработи 12 милиони евра.
Во претходниот период Олмо се поврзуваше со Барселона, меѓутоа каталонскиот гигант мора прво да ја среди ситуацијата со финансискиот фер-плеј. Исто така Барселона е во преговори и со Нико Вилијамс, па прашање е дали клубот има пари и за двајцата.