Се најавуваше дека Илија Несторовски може да го напушти Удинезе и да премине во Сампдорија, но сепак неговото заминување од „Фриули“ не се реализираше.
Во игра беа повеќе клубови, но најблиску беше Сампдорија. Сепак, трансферот пропаднал во последен момент и тоа откако двата клуба имале договор.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Трансферот пропаднал поради новата незгодна повреда која ја заработил македонскиот напаѓач. Првичните информации се дека Нестор ќе мора да паузира најмалку еден месец.
Српскиот стратег, Дејан Станковиќ инсистирал да му се доведе напаѓач кој веднаш ќе му биде ставен на располагање што немаше да биде случај со Нестор по неговата повреда.
Несторовски во Удинезе добива мала минутажа и сигурно дека во Сампдорија ќе одиграше повеќе минути до крајот на сезоната.