Трансферот на Садио Мане од Ливерпул во Баерн Минхен е 90% договорен, тврди авторитетниот германски новинар на „Билд“ Кристијан Фалк.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фудбалерот веќе ги договорил личните услови со Баварците и останува само двата клуба да се договорат за неговата цена.




Ливерпул ја одби првата понуда од Баерн за 30-годишниот Сенегалец, која беше тешка околу 30 милиони евра. Сепак, ова никако не ги завршува преговорите и во наредните денови германскиот шампион ќе достави нова понуда. Наводно од „Енфилд“ бараат околу 40 милиони евра за слободата на Мане.




Се чини дека во Баерн се подготвени да ги задоволат барањата на „црвените“ за да ги осигураат услугите на Сенегалецот.
Мане веќе постигнал договор со германскиот шампион за следните четири сезони.