Дома Трансфер зона Трансферот на Ловрен пропаднал!

Трансферот на Ловрен пропаднал!

Вчера „Скај Спорт“ соопшти дека Дејан Ловрен ги договорил личните услови со Рома и дека неговиот трансфер е блиску до реализација.

Според „Скај Спорт“ Рома на Ливерпул му предложила позајмица во траење од една година со опција за откуп на договорот. Таа опција би станала обврска ако Ловрен запише одреден рој настапи во дресот на римскиот гигант.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно Рома била спремна на Ливерпул да му плати 25 милиони евра за 30 годишниот стопер во случај да го откупи после позајмицата и тоа на клубот од „Енфилд“ му се допаднало.

Меѓутоа денес пристигнуваат информации дека трансферот на Дејан Ловрен во Рома пропаднал.

„Газета“ тврди дека трансферот пропаднал затоа што Ловрен барал дополнителен еден милион во Рома.

Наводно Ловрен прво се согласил на годишни примања од еден милион евра помалку во однос на она што го добива во Ливерпул, но потоа побарал можност со бонуси да го добие тој милион.

Рома ваквото барање на искусниот Хрват го одбила и преговорите биле прекинати.

Ловрен во Ливерпул пристигна во 2014 година од Саутемптон за сума од 25 милиони евра. Од тогаш во дресот на Ливерпул одигра 170 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …