Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Санчез на прегледи, Ракитиќ е клучот за Нејмар, Ванда и понатаму по свое

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Санчез на прегледи, Ракитиќ е клучот за Нејмар, Ванда и понатаму по свое

Се наближуваме до крајот на трансфер периодот и во финишот секогаш е интересно.

Манџукиќ може да заврши во ПСЖ!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ибрахимовиќ до Јунајтед: Ако сум ви потребен знаете каде да ме најдете.

Барселона ја испратила понудата која се очекува да биде прифатена – Ракитиќ, Дембеле и 125 милиони евра. Ракитиќ би бил целосно продаден, Дембеле позајмен.

Трансферот на Санчез е договорен и во наредните денови би требало да има реализација. Прегледите наводно се закажани за денес во 15:00 часот.

Фенербахче му понудил на Бен Арфа 2.5 милиони евра по сезона.

Ванда Нара продолжува да ги нервира сите во Интер. Сопругата и агент на Икарди на италијанската телевизија порача дека Икарди останува во клубот.

Откако му пропадна трансферот на Диего Лаксалт во Аталанта тој е блиску да се пресели до Торино. Заедно со него во Торино би требало да заврши и Франсо Камано од Бордо.

Тами Абрахам како награда за добрите настапи би требало да добие нов договор во Челзи според кој ќе заработува 50.000 фунти неделно. Сегашниот договор му има важност до 2022 година.

Кристијан Бираги и Далберт се на лекарски прегледи. Бираги се сели во Интер, Далберт во Фиорентина. Фиорентина ќе има опција да го откупи Далберт од Интер за 12 милиони евра.

Интересна изјава на Карлос Вела: Барселона сакаше да ме доведе во јануари.

Андре Силва е најголемата кочница во финишот. Сите чекаат да видат каде Милан ќе го продаде за да го доведе Анхел Кореа, од друга страна Атлетико чека Кореа да замине за да го доведе Рордиго од Валенсија.

Oфицијално: Жоао Марио е нов фудбалер на Локомотив Москва. Рускиот клуб го доведе на позајмица со право на откуп за 18 милиони евра наредното лето.

Ливерпул и Рома се договорија – Ловрен се сели во Рим!

Турски „Скај Спорт“ тврди: Рикардо Кварезма е нов играч на Кашимпаша!

Медиумот „Ил Матино“ со седиште од Неапол пренесува дека Наполи го договорил Фернандо Љоренте кој ќе потпише договор на една година за плата од четири милиони евра. Договорот на искусниот Шпанец ќе му се продолжи автоматски ако постигна 12 или повеќе гола.

Агентот на Дембеле: Осман останува во Барса 100%! E дури сега не е јасно со каква понуда Барса ќе доведе Нејмар.

Милан ја испраќа последната понуда за Кореа, во случај на неуспех „росонерите“ ќе тргнат по алтернатива од Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо го доби Јувентус на суд, ќе добие 19 милиони евра

Кристиано Роналдо го доби судискиот спор против неговиот поранешен клуб Јувентус за неиспл…