Дома Топ вести Трансфери во живо: Реал и Барса ја сакаат ѕвездата на Интер, Гвардиола тргнува по Азар, Перез спреми пола милијарда

Трансфери во живо: Реал и Барса ја сакаат ѕвездата на Интер, Гвардиола тргнува по Азар, Перез спреми пола милијарда

Зимскиот преоден рок се наближува до својот крај, а последните денови секогаш се и најинтересни. Со Спортски бидете во тек со сите трансфери и трансфер новости…

– „Газета дело Спорт“ пренесува дека шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар. Двата клуба се спремни следното лето за неговиот потпис да понудат 70 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Англиските медиуми пренесуваат бомбастична вест и тврдат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е спремен да потроши 500 милиони фунти за три ѕвезди од Премиер лигата.

Емерик Лапорте треба уште да ги помине медицинските прегледи и официјално да потпише 5-годишен договор со Манчестер Сити.

-Манчестер Јунајтед покажува силен интерес за дуото од Борусија Дортмунд, Јулијан Вајгл и Критиан Пулишиќ и сака во пакет да ги донесе на „Олд Трафорд“.

-Се огласи претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи по повод наводниот трансфер на Нејмар во Реал Мадрид.

-БОМБА: Англиските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Пеп Гвардиола следното лето ќе биде ѕвездата на Челзи, Еден Азар и спремил 150 милиони за неговиот потпис.

-Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул сака што е можно побрзо да му понуди нов, финансиски подобар договор на Мохамед Салах.

-Интер и Ливерпул се блиску до договор за трансфер на Даниел Стариџ. „Црвените“ ја прифатија понудата од 2 милиони евра за позајмица, но „нероаѕурите“ ќе мораат да му ја плаќаат целата плата на напаѓачот.

Хавиер Пасторе јавно призна дека сака да го напушти ПСЖ и да се пресели во Интер.

-Италијанскиот шампион Јувентус остварил контакт со ѕвездата на Атлетико Мадрид, Јаник Караско и сака да го донесе во Торино во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ја плаќа клаузулата за Бремер

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…