Дома Топ вести Трансфери во живо: Ветаранот ја напушти Барса, Дортмунд бара пари и играч за Обамјенаг, Јувентус го сака италијанскиот суперталент

Трансфери во живо: Ветаранот ја напушти Барса, Дортмунд бара пари и играч за Обамјенаг, Јувентус го сака италијанскиот суперталент

И овој преоден рок нашата редакција правовремено ве известува за сите трансфери и трансфер новости. Со Спортски бидете во тек….

– Во недостаток на трансфери во Реал, мадридските медиуми се занимаваат со летниот преоден рок. Според нивните извори Нејмар освен финансиските услови бара и други. Бразилецот ќе бара нов напад, на местото на Бејл, Роналдо и Бензема да ги донесат Гризман и Азар. (OВДЕ)

– Англиските медиуми успеаа да дојдат до фотографија која според нив значи заминување на Един Џеко (ОВДЕ)

– Арсен Венгер призна дека неговиот клуб преговара со Пјер-Емерик Обамејанг.(ОВДЕ)

– Англиските медиуми тврдат дека Пеп Гвардиола е спремен да го доведе Емерик Лапорта од Атлетик Билбао кој во својот договор има откупна клазула во износ од 60 милиони евра. (ОВДЕ)

– Жерар Делофеу кој не може да се избори за место во Барселона, наводно преферира преселба во редовите на Милан. (ОВДЕ)

– Покрај интересот за Емерик Лапарота, Џанлука Ди Марцио пренесува дека Шпанецот е спремен во своите редови да го доведе фудбалерот на Шахтјор, Фред. (ОВДЕ)

– Кристал Палас е спремен да понуди 8.5 милион фунти за напаѓачот на Интер, Едер.

– Германците успеаа да дојдат фотграфија која според нив значи дека Обамејанг ги „пакува“ куферите и се подготвува да си замине.

– Доколку Рома остане без Един Џеко што станува се поверојатно, „Дејли Стар“ пишува дека „Волчицата“ ќе тргне по Даниел Стариџ од Ливерпул.

– Агентот на Хавиер Ернандез потврди дека неговиот клиент е отворен за преговори за напуштање на клубот.

– Според, „Дејли Експрес“ Челзи на Един Џеко ќе му понуди договор со плата од 7 милиони фунти по сезона.

– „Газета дело Спорт“ пренесува дека спортскиот директор на „старата дама“, Бепе Марота имал состанок со колегите од Џенова за трансфер на талентираниот 16-годишен Пјетро Пелегри. (ОВДЕ)

– Давид Н’Гог кој некогаш беше голема надеж на Ливерпул, сега ќе настапува за тимот на Рос Каунти од Шкотска. (ОВДЕ)

– Њукасл ќе се обиде да го доведе напаѓачот на Атлетико Мадрид, Кевин Гамеиро, пренесува „Дејли Експрес“

– Oфицијално: Арон Ленон е нов фудбалер на Барнли

– Официјално: Хавиер Маскерано ја напушти Барселона

– Дортмунд не попушта во преговорите со Арсенал за Обамјеанг и покрај сумата од 60 милиони евра го бара и Оливие Жиру. (ОВДЕ)

– Манчестер Сити покажал интерес за фудбалерот на Лил, Бубакари Сомаре кој се проценува на вредност од 35 милиони евра.

– Oфицијално: Робињо е нов фудбалер на Сиваспор

– Официјално: Ласана Диара е нов фудбалер на ПСЖ (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…