Манчестер Сити ја загуби битката за потписот на Алексис Санчез, но Пеп Гвардиола најверојатно нема да остане со празни раце во зимскиот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако Сити е неприкосновен лидер во Премиер лигата, Гвардиола сака да донесе две засилувања во зимскиот преоден рок, едно во одбраната и едно во средниот ред.
Шпанските медиуми пренесуваат дека „граѓаните“ се спремни да ја активираат откупната клаузула на дефанзивецот на Атлетик Билбао, Емерик Лапорте кој веќе подолго време е желба на Гвардиола. Неговата клаузула изнесува 60 милиони евра, а наводно „граѓаните“ нема да имаат проблем да ја искешираат таа сума (ОВДЕ).
Тоа не е се. Манчестер Сити е во напредни преговори со Шахтјор за трансфер на Бразилецот Фред. Украинскиот клуб ја одби првата понуда од 40 милиони евра, но „граѓаните“ не се откажуваат и се спремни да платат 50 милиони евра, плус бонуси.
Медиумите се оптимисти дека двата трансфери ќе бидат комплетирани до крајот на преодниот рок.
#ManchesterCity following #ShakhtarDonetsk‘s #Fred: transfer near completion ⬇️https://t.co/maOe0KKpDr
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) January 22, 2018