Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт не е со тимот на Ајакс, Елмас и Наполи – стигна потврда, Наинголан и Икарди се отпишани

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Де Лихт не е со тимот на Ајакс, Елмас и Наполи – стигна потврда, Наинголан и Икарди се отпишани

Тука сме и денес да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот ширум светот. Ќе потсетиме, вчера конечно беше завршена трансфер сагата со Антоан Гризман за кој Барселона на Атлетико му плати 120 милиони евра.

Гризман стана играч на Барселона, но сега Атлетико од Барселона бара 200 милиони евра, а не 120 колку што платија Каталонците. Дека „јорганџиите“ ќе одат до крај и ќе си бараат уште 80 милиони потврди претседателот на клубот (ОВДЕ)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– Елиф Елмас е пред трансфер во Наполи и тоа веќе е јасно. Ди Марцио објави дека Елмас во понеделник треба да пристигне во Неапол, а уште една потврда за трансферот даде асистентот на Карло Анчелоти, Давиде. (ОВДЕ)

Елмас е пред трансфер во Наполи, но тоа повеќе не може да се каже за Хамес Родригез. Работата со Колумбиецот изгледаше како завршена, меѓутоа ситуација се искомплицира и сега ПСЖ е фаворит за неговиот потпис. (ОВДЕ)

– Интересна порака до Меси испрати агентот на Лаутаро Мартинез: „Ако сакаш да играш со Лаутаро дојди во Интер“. Со оваа изјава тој потврди дека Мартинез нема да го напушти Интер ова лето. (ОВДЕ)

– Островски медиуми објавија фотографија од тим кој можел да го изгради Венгер ако повеќе ризвикувал. Со сите овие играчи Арсенал се поврзувал во минатото, но на крајот тие завршувале во други клубови затоа што Венгер не се решавал да понуди сума колку што барал клубот за кој играле.

Фабијан Делф од Манчестер Сити е најблиску до трансфер во Евертон. (ОВДЕ)

Наинголан и Икарди повеќе не ни тренираат со Интер, Конте го ангажирал тренерот на младинците одвоено да работи со овие двајца. (ОВДЕ)

– На Островот се објави и дека Манечстер Јунајтед ја подигнал цената на Погба поради однесувањето на Раиола и сега за Французинот бараат 200 милиони евра. (ОВДЕ)

– Скоро договорено: Порто пронајде замена за Икер Касиљас – Херонимо Руи од Реал Сосиедад е пред трансфер во Португалија.

– Е ова е изнеадување! Шпански Бетис преговара со капитенот на Лион Набил Фекир. „Парисиен“ објави дека преговорите се во поодмината фаза и дека може да се случи Бетис да го „украде“ Фекир пред поголемите клубови.

– Денес не е исклучена можноста да пристигне потврда за трансферот на Де Лихт во Јувентус. Де Лихт не отпатува на припремите со Ајакс во Австрија.

– Официјално. Јувентус го продаде младиот офанзивец Леонардо Манкузо на Емполи, „старата дама“ од овој трансфер ќе заработи помеѓу 4 и 5 милиони евра.

– Фиорентина е новиот клуб кој е фаворит за доведување на Марио Балотели. Меѓутоа услов за Балотели да премине во Фиренца е да прифати помала плата од 4 милиони евра по сезона.

– Барселона во последните пет години на засилувања потрошила над една милијарда – видете ја топ 10 листата (ОВДЕ)

– Арсенал продолжува да покажува интерес за капитенот на Бенфика Рубен Дијаз, но конкретна понуда нема. Дијаз има откупна клазула од 54 милиони евра.

– Римскиот „Кориере“ објави дека Барселона размислува за стоперот Никола Миленковиќ.

– Ajакс преку официјалната страна потврди дека Де Лихт не се наоѓа на припремите со клубот. Наскоро ја очекуваме долго очекуваната вест…

Адил Рами имал договорен трансфер во Лос Анџелес, но неговата поранешна партнерка Памела Андерсон која ја изневерувал две години му го уништила трансферот (ОВДЕ)

– Наполи му посака добредојде на Костас Манолас кој во Неапол пристигнува од Рома и се очекува да биде големо засилување.

 

– После исфрлувањето на Палермо во Серија Д Илија Несторовски наскоро се очекува да го напушти клубот и без оштета да се пресели во Удинезе.

Икарди нема да патува со Интер на припремите и ова и уште една од многуте потврди дека Аргентинецот ќе ја промени средината. Останува да видиме само каде ќе продолжи..

– Нови информации за Бетис и Набил Фекир! Бетис не се шегува, француските медиуми ја обновуваат вест и тврдат дека капитенот на Лион е многу блиску до трансфер ов шпанскиот прволигаш. Ова може да значи дека Ло Селсо си заминува (најголем интерес за него покажа Тотенхем).

Агентот на Кутињо: Минатата недела имавме состанок со Бартомеу и бевме известени дека Кутињо апсолутно не е на продажба!

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …