Дома Фудбал Претседателот на Атлетико: Гризман многу ме разочара

Претседателот на Атлетико: Гризман многу ме разочара

Францускиот напаѓач Антоан Гризман вчера и официјално стана нов фудбалер на Барселона.

Трансфер сагата помеѓу Барселона и Гризман траеше една година, но Каталонците на крајот успеаа да го доведат францускиот напаѓач. Барса за Гризман плати 120 милиони евра, односно ја активираше неговата откупна клазула.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа веднаш после објавата дека Гризман е нов фудбалер на Барселона се огласија од Атлетико. Тие тврдат дека Барса мора да плати 200 милиони евра бидејќи договорот со Гризман го постигнале кога неговата клазула била 80 милиони евра повисока.

После соопштението во јавноста се огласи и претстедателот на клубот Енрике Церезо кој изјави дека Атлетико има докази дека Барселона и Гризман се договориле кога клазулата изнесувала 200 милиони евра.

„Ако сме издале такво соопштение тогаш е јасно дека имаме докази. Доколку се покаже дека сме во право ќе ги бараме парите кои ни припаѓаат. Можам само да кажам дека Гризман многу ме разочара. Сакаше да си замине, а тоа нас ни го кажа во последен момент. Тој е одличен фудбалер и во тоа нема дилеми. Барса доби супер засилувања, а дали направил вистински потег останува да видиме“, порача Церезо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…