Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан го „избриша“ Бонучи, Реал има нова идеја, паника во Рим, нов кандидат за Игуаин

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан го „избриша“ Бонучи, Реал има нова идеја, паника во Рим, нов кандидат за Игуаин

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА може да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– Утрово голема прашина во Рим, крена непојавувањето на Сергеј Милинковиќ Савиќ на редовните прегледи во Лацио. Неговиот агент Матеја Кежман тврди дека неговиот клиент го испуштил авионот поради преголемиот метеж во Белград. (ОВДЕ)

Виктор Линделоф е пред заминување од Манчестер Јунајтед (ОВДЕ)

– БОМБА: Реал Мадрид место Еден Азар во пакет со Тибо Куртоа би можел да го доведе Вилијан, понудата од Мадрид која островските медиуми пишуваат дека може да биде прифатена за овие двајца изнесува 110 милиони евра (ОВДЕ)

– Од Тоби Алдервилд од Тотенхем и Вилијан од Челзи се појавија слики на интернет во дресот на Манчестер Јунајтед, сепак јасно е дека се работи само за мајсторски изработена фотомонтажа. (ОВДЕ)

– ЈАСНО Е: Милан го отстрани Леонардо Бонучи од својот банер, ова е јасен знак дека италијанскиот репрезентативец се наоѓа пред заминување (ОВДЕ)

– Астон Вила би можела да го доведе на позајмица фудбалерот на Ливерпул Бен Вудборн.

– Кристал Палас и Саутемптон покажуваат интерес за фудбалерот за врска на Челзи, Дени Дринквотер.

– Наводно Борусија Дортмунд е спремна да го продаде Кристијан Пулишиќ за сума од околу 73 милиони евра.

Диего Симеоне во Атлетико би можел да го доведе својот син Фиорентина, Џовани Симеоне. Понудата за која се шпекулира дека „јорганџиите“ ќе ја испратат изнесува 40 милиони евра.

– Наполи размислува за ангажман на Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед.

– Oфицијално: Фудбалерот кој важи за еден од најбрзите, Лукас Адвинкула во светот е нов член на Рајо Ваљекано.

– Шпанските медииму најавуваат дека Алеш Видал од Барселона е пред враќае во Севиља.

– Интерес за Гонзало Игуаин покажува и Борусија Дортмунд, но информациите од Италија говорат дека на Аргентинецот не му паѓа на памет да оди во Германија. Негова најголема желба е останува во Италија (Милан)  или евентуално трансфер во Челзи.

– Како што споменавме Дортмунд не опција за Игуаин, па медиумите во Италија најавуваат дека денес ќе падне одлуката за преселба во Милан (ОВДЕ)

– Официјално: Некогашната голема надеж на Манчестер Јунајтед, Адерсон од денес е нов играч турскиот второлигаш Демирспор

– Стратегот на Баерн Минхен, Нико Ковач и покрај сите најави за заминување е сигурен дека Роберт Левандовски ќе остане во клубот (ОВДЕ)

Tома Лемар денес и официјално беше претставен пред навивачите на Атлетико Мадрид.

– Според последните информации од Италија, Лотито попуштил и ќе прифати сума помеѓу 100 и 110 милиони евра за Сергеј Милинковиќ Савиќ. (ОВДЕ)

– Вечерва се очекува Лацио да ги комплетира трансферите на Милан Бадељ и Анхел Кореа.

– Голманот на Евертон, Мартин Стекленбург потпишал нов договор со клубот од „Гудисон Парк“ со важност до 2020 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се огласи агентот на Заниоло: Италијанецот останува во Премиер лигата?

Младиот 24-годишен Николо Заниоло сезонава се навикнуваше на Премиер лигата, а како што ст…