Дома Фудбал Англија Траеше цела вечност: Дали ова е најспориот изведен пенал на сите времиња?

Траеше цела вечност: Дали ова е најспориот изведен пенал на сите времиња?

Во англиски Чемпионшип вчера се одиграа натпреварите од 3. коло.

Барнсли на свој терен го пречека Чарлтон и одигра 2:2, а без победа остана во самата завршница од натпреварот.

Домашниот тим поведе во 34. миута преку Вудров, но гостите само шест минути подоцна израмнија на 1:1.

Веќе на самиот почеток од второто полувреме, во 48 минута, Барнсли повторно стигна до водство кога Чаплин постигна погодок за 2:1, а тој резултат беше на семафорот се до 89. минута.

Тогаш беше досуден пенал за гостите, а сигурен од белата точка беше Тејлор за конечни 2:2.

Она поради што овој играч стана хит на друштвените мрежи е спориот изведен пенал.

Тејлор излезе надвор од шеснаесетникот на околу 20 метри и после тоа лесно, чекор по чекор одеше кон топката за на крајот конечно да го изведе пеналот и да постигне погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србите сакаат да го убедат Гаштаров да игра за нив!

Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров во изминатиот период се најде во центарот на вн…