Дома Останати Традицијата на хуманоста продолжува: Владимир Мирковски типуваше, а Mozzart донираше средства за лекување на малиот Љупчe Георгиев

Традицијата на хуманоста продолжува: Владимир Мирковски типуваше, а Mozzart донираше средства за лекување на малиот Љупчe Георгиев

Да бидеме хумани и да помагаме кога и каде е потребно – ова е мотото од кое тргнуваат сите активности на компанијата Mozzart.

„Хуманитарен тикет“ е една од препознатливите акции преку кои лидерот во приредувањето на игрите на среќа ги здружува силите со познатите за да обезбеди средства за помош на оние на кои им е најпотребно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овојпат среќaта го послужи кошаркарскиот тренер и основач на Академијата ИБА, Владимир Мирковски, а добитната сума ја пренасочи на лекување на четиригодишниот Љупче Герогиев од Кочани, кој боледува од кифосколиоза.

„Секогаш ни е драго кога нашата помош ќе стигне на вистинската адреса. „Хуманитарен тикет за викенд“ е една од редовните акции на Mozzart преку која помогнавме на голем број здруженија и поединци. Благодарност до Владимир Мирковски за учеството, а ние ќе продолжиме да се обложуваме на хуманоста секој викенд“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од компанијата Mozzart.

Преку акцијата „Хуманитарен тикет за викенд“ досега бројни личности од светот на спортот, културата и другите области се менуваа во улога на хумани обложувачи.

Фудбалерот Горан Пандев, најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски Иџе, ракометарот Филип Кузмановски и водителот Марко Новевски се само дел од познатите личности кои со помош на лидерот во приредување игрите на среќа типуваа во хуманитарни цели.

Од Хуманитарниот тикет за викенд до сега се собрани речиси 650.000 денари кои компанијата Mozzart ги донираше во добротворни цели.

Пораката е јасна – кога се игра за хуманост, победата во Mozzart е загарантирана!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Радувај се Македонијо: Бобан Илиоски е нов светски шампион во кик-бокс во ВАКО Про

Вечерва во одлична атмосфера во Спортскиот центар „Јане СанданскИ“ во Скопје пред голем бр…