Дома Фудбал Традицијата вели: Промашениот пенал на Меси е најава за светска титула на Аргентина?

Традицијата вели: Промашениот пенал на Меси е најава за светска титула на Аргентина?

Аргентина вчера ја победи Полска и се пласираше во осминафиналето, иако Светското првенство го започна со пораз од Саудиска Арабија.

Во осминафиналето Аргентинците ќе играат против Австралија и секако дека „гаучосите“ се голем фаворит, меѓутоа не треба да се заборави дека веќе гледавме изненадување на овој Мундијал.

Интересно е што ако и веруваме на традицијата поради промашениот пенал на Меси шампион ќе биде Аргентина. За прпват на Светскиот трон Аргентина застана во 1978 година, тогаш Марио Кемпес промаши пенал во третото коло од групната фаза.

Слично се случи во 1986 година кога Аргентина по вторпат стана светски шампион. Тогаш Марадона во третото коло не реализираше најстрога казна. Така сега Меси исто така промашува во третото коло…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…