Дома Фудбал Останато Трагедија во Хрватска: 24-годишен фудбалер почина среде натпревар

Трагедија во Хрватска: 24-годишен фудбалер почина среде натпревар

На дуелот помеѓу хрватските николигаши, НК Оток и НК Раднички Гардиновац, почина 24-годишниот фудбалер, Дејан Оршуш.

Фудбалерот на домашниот тим колабирал на терен веднаш бил префрлен во болница во Чаковец, каде за жал докторите не успеале да го спасат.

„Во длабока жалост сакаме да ја известиме јавноста дека фудбалерот Дејан Оршуш, откако се сруши на вчерашниот натпревар, почина. Со брза реакција на соиграчите и играчите на ФК Раднички, успеавме да го спасиме, на набрзо и медицинскиот тим 25 минути се обидел да го реанимира, успеале во тоа, но наутро во 02 00 часот, 24 годишниот фудбалер починал од последиците на силниот срцев удар. Беше ведро момче, голем фудбалер, а уште поголем пријател. Зад себе остави сопруга во петтиот месец од бременоста и дете“, стои во соопштението од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул нема време за чекање – договори голем трансфер за јануари!

Досегашниот фудбалер на Сент Етјен, Џилијан Енгесан ќе биде нов играч на Ливерпул, соопшти…