Швајцарскиот голман, Роман Бурки, го продолжи договорот со Борусија Дортмунд.
Овој голман во последните две години е стандарден на голот на „милионерите“, а пристигна од Фрајбург во 2015 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Со оглед на тоа дека се работи за многу млад голман кој има само 26 години, управата на Дортмунд одлучи да му понуди нов договор според кој тој би требало да остане во клубот до летото 2021 година.
Иначе Бурки оваа сезона настапи на 13 натпревари за Дортмунд и прими 14 погодоци, а шест пати успеа да ја сочува својата мрежа.
Пред Борусија и Фрајбург тој настапуваше за Грасхоперс, Јанг Бојс и Тун.