Дома Останати Точно пред 19 години се случи едно од најголемите изненадувања во историјата боксот (ВИДЕО)

Точно пред 19 години се случи едно од најголемите изненадувања во историјата боксот (ВИДЕО)

Пред точно 19 години се случи едно од најголемите изненадувања во светот на боксот.

До тогаш непознатиот боксер Хасим Рахман го шокираше светот и го победи апсолутниот владател во светскиот бокс Ленокс Луис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рахман во меч кој се одржа во Јужна Африка влезе како аустајдер со скор од 34-2 со само две поважни победи во кариерата над Тревро Бербик и Корие Сандерс.

Сите очекуваа Луис лесно да ја одбрани титулата, но на истекот на петтата рунда се случи чудо. Перфектната десница ја погоди брадата на британскиот шампион кој заврши на подот и судија го прекина мечот.

Нокаутот на Рахман важи за едно од најголемите изненадувања на сите времиња, а единствено пред него може да се смести првиот пораз на Мајк Тајсон од Бустер Даглас.

Шест месеци подоцна Луис си ги врати појасот. Брутално го нокаутираше Рахман во четвртата рунда во борбата одржана во Лас Вегас, потоа до крајот на кариерата Луис ги рушеше Мајк Тајсон и Виталиј Кличко и како шампион отиде во пензија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Срушен светскиот рекорд: Славниот Јапонец скокна скоро 300 метри!

Рујоу Кобајаши на специјално направената скокалница успеа да го сруши светскиот рекорд во …