Дома Фудбал Италија Тоти: Флорентино Перез го среќавам често и секогаш ми кажува иста реченица

Тоти: Флорентино Перез го среќавам често и секогаш ми кажува иста реченица

Легендарниот фудбалер Рома, Франческо Тоти се присети на периодот кога во своите редови сакаше да го донесе претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез. 

Не е тајна дека Перез во неколку наврти се обиде да го донесе Тоти, кога тој беше страв и трепет во Серија А, но легендата на Рома секогаш го одбиваше.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тоти е единствениот фудбалер кој одби да премине во редовите на Кралевите и тоа претседателот Перез и денеска му го спомнува на италијанецот.

„Беше еден период од мојата кариера помеѓу 2004. и 2005 година кога Реал се направи да ме донесе. Ми го испратија дресот со број 10 и натпис Тоти за да ме убедат да им се приклучам. Не можам да кажам дека Перез ме бараше стално, но тој и луѓето околу него правеа се за да дојдат до мене.“ – изјави Тоти и додаде:

„Од тогаш неколку пати се среќавам со Перез. Последен пат тоа беше во Монако пред неколку недели кога беше извлекувањето за групната фаза во ЛШ. Тој секогаш е пријателски настроен спрема мене и секогаш кога се сретнеме ми каже: ‘Ти си единствениот играч кој не успеав да го убедам да дојде во Реал Мадрид.“

Инаку, токму Реал Мадрид и Рома синоќа го одиграа натпреварот од првото коло во ЛШ на Сантијаго Бернабеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…