Дома Фудбал Останато Тоти раскажа како за малку ќе се разведел поради мачка

Тоти раскажа како за малку ќе се разведел поради мачка

Oд фудбалските ѕвезди Франческо Тоти е еден од најактивните на друштвените мрежи во текот на пандемијата од коронавирусот.

Додека седат дома поради мерките за претпазливост, но и строгите парвила фудбалерите често ги користат друштвените мрежи. Тоти беше пуштен во живо на Инстаграм со Кристијан Виери и во тој разговор зборуваа за некои лични анегдоти, а посебно интересна беше онаа на Тоти со сопругата Илари Бласи со која за малку ќе се разведел поради мачка.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бев многу лут на Илари. Купи мачка без блакна и и даде име Дона Паоло. Многу е напорна, ноќе сакаше да спие во нашиот кревет покрај нозете. Поради таа мачка малку фалеше да се разведам. Илари сакаше мачка по секоја цена, додека јас сметав дека не ни е потребна. Сепак е еден ден само одлучи да донесе дома без ништо да ме праша. Не зборувавме со денови. На крајот сепак и јас ја засакав мачката“, раскажа Тоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…