Рома во осмина финалето во ЛШ ќе игра против Порто и тоа секако не е лесен ждреб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, со оглед на тоа кој можеше да го добијат, можеби Рома треба да биде среќна што на крајот ќе се сретнат со Португалците.
Исто размислува и легендарниот Франческо Тоти, иако е свесен дека Волчицата ја чека тежок противник.
„Имавме среќа со оглед на тоа кои се екипи можевме да ги добиеме, но не смееме да го потцениме Порто. Многу добра екипа, која одигра одлично во групната фаза. Сега поминуваме низ тежок период, но имаме доволно време да се вратиме во вистинската форма.“