Тотенхем ќе се обиде да го донесе во своите редови талентот на Барселона, Карлос Алења, пренесува „Мундо Депортиво“.
21-годишниот играч за врска има само 45 одиграни минути оваа сезона и тоа во првото коло од Примера. Тоа го убеди Покетино дека има голема шанса да го донесе Алења во своите редови во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалерот исто така е спремен да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, бидејќи е јасно дека на „Камп Ноу“ тешко ќе се избори со конкуренцијата.
Неговиот договор со Барселона истекува во 2022 година и Каталонците немаат проблем да го пуштат, но ќе сакаат во договорот да има „бај-бек“ клаузула во следните две години.